Вкупно 144 социјално загрозените лица аплицирале на Огласот за распределба на 71 социјален стан во Охрид. Според Министерството за Транспорт и врски социјалните станови кои се сместени во населбата Расадник, ќе се распределуваат јавно и по електронски пат.

Според прописите на Јавниот оглас за становите можеа да аплицираат лицата кои се станбено необезбедени, деца без родители, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, инвалидни лица, лица од социјално загрозена ромска заедница и самохрани родители со малолетни деца.

– Лицата кои аплицирале може да го добијат најмногу 100 бодови. За бодувањето во предвид ќе се земе бројот на членови во семејството, вкупниот прилив на средства да не е повеќе од 50 евра, старосната структура за заедничко домаќинство и трајниот инвалидитет-иформираат од Министерството за транспосрт и врски.

Од таму објаснуваат дека пред да биде донесена конечната распределба на становите ќе биде извршен дополнителен увид на лице место за да се утврди точноста на доставената документација.

OhridNews