Англискиот репрезентативец Џек Вилшер заработи два меча суспензија во Премиер лигата. Фудбалерот на Арсенал на мечот со Манчестер Сити на „Етихад“, кој заврши во полза на „граѓаните“ 6-3 им го покажа средниот прст на домашните навивачи. Вилшер ќе ги пропушти натпреварите со Челси на домашен терен и со Вест Хем на гостински.
Мх.П.