Успешен биланс на работата на полициските службеници во сите сегменти на дејствувањето. Во делот на организираниот криминалитет, бројот на нарушувања на јавниот ред и мир и во сообраќајот- видно намалување на извршените казнени дела. Вака СВР- Охрид ја оценува годината која изминува, осврнувајќи се на активностите превземни во текот на 2011.

СВР Охрид располага со професионална полиција, кадровски и технички опремена која успешно се соочува во справувањето со безбедносните предизвици на новото време. Во случаите на нарушување на јавниот ред и мир реагираа брзо и навремено на терен и успешно ги пронаоѓа сторителите, изјави портпаролот на СВР- Охрид, Стефан Димоски, на денешната предновогодишна средба со новинарите.

Димоски изрази надеж дека во наредната 2012 година, активностите на полицијата пред се ќе бидат насочени кон превентивното делување за намалување на стапката на криминалитетот и дека репресивните мерки ќе бидат сведени на минимум.

Од СВР Охрид најавуваат дека и во текот на наредната година ќе продолжат  неуморно да работат  во насока на зголемување на безбедноста во градот и зголемувањето на безбедносната култура на граѓаните.

OhridNews