Напаѓачот на Палермо, Паоло Дибала со 12-те погодоци и седумте асистенции во Серија А го сврти вниманието на многу клубови од Европа.


21-годишниот фудбалер се поврзуваше со трансфер во Барселона, а тој за италијанското радио изјави дека е подготвен со пливање да оди на Ноу Камп и да потпише договор.

Дибала со тимот од Сицилија има договор до јуни 2016 година, а Палермо за неговите услуги бара 40 милиони евра.

Покрај каталонците за неговите услуги се заинтересирани екипи од Серија А, Премие лигата и неколку француски тимови.

Ohridnews