Во текот на 2012-та година, изречени се вкупно 23.708 казни за погрешно паркирање, додека во изминативе три  години МВР има поднесено 55.300 барања против прекршителите.

Оваа бројќа претставува 5 отсто од вкупниот број возила во земјава, не вклучувајќи ги оние кои глобата ја платиле во предвидениот рок или запишале поени во сообраќајната книшка.

Поради непрописно паркираните возила, пешаците и велосипедистите се изложени на опасност, па така во текот на минатата година бројот на повредени лица е 119.

Инаку, во земјава има околу 400 000 регистрирани возила, од кои повеќето се од Скопје.

OhridNews