Како млади и морални луѓе згрозени сме од изјавите кои во јавноста ги изнесува Марјан Додовски. Истиот тој Марјан Додовски, пред не толку долго време, го паметиме како во своите зборови употребуваше “коалиција со било која партија, само ДПМНЕ да си одат од власт”. Човекот кој денес дава некакви си предлози за име на партија, не многу одамна извикуваше погрдни зборови за сите функционери од ДПМНЕ, но уште погрдни кон оние луѓе кои своевремено ја напуштија ВМРО – Народна партија, со кои денес е во ист кош, и праќаше флаери со пропаганден материјал до канцелариите на нивните работни места, велат од Унијата на млади сили на општинската ВМРО- Народна партија.

Марјан Додовски имаше и средба со високи партиски функционери од СДСМ во Скопје пред изборите. Исто така, бараше и имаше средби и со охридскиот градоначалник кој е од редовите на СДСМ. Неговите “идеали” беа насочени само кон една цел – рушење на ненародната власт на ДПМНЕ. Денес, човекот ни сам не може да се препознае во своите изјави. Најверојатно тој само ги чита, а му ги пишуваат од Центарот за комуникации на ДПМНЕ, нагласуваат од УМС.

Тие го прашуваат Додовски дали кочењето на работата на Унијата на млади сили на ВМРО – Народна партија од негова страна беше исто така во договор со ДПМНЕ и Груевски.

Унијата на млади сили на општинската ВМРО – Народна партија го прогласува Додовски за “ persona non grata” во Охрид и му се заблагодаруваат што заминал во редовите на ДПМНЕ.

OhridNews