Грчкиот весник „Нафтемборики“,објави дека на неодамна одржаниот карневал „Грција била погребана со ковчег и некролог, а грчкото знаме запалено“, пренесува бугарската новинска агенција БТА.
Случајот пред ЕК го изнел грчкиот европратеник Јоргос Кумуцакос.
Претходно Грција испрати протестна нота до официјално Скопје. Македонското МНР засега без одговор на поплаките од Грчка Страна, но затоа во свој препознатлив, шеговит, стил се јави таканаречената Република Вевчани, која изрази подготвеност да посредува во грчко-македонскиот спор за името.