Како што информираат од министерството, за оваа цел од буџетот се издвоени шест милиони евра, а процедурата за пријавување е едноставна- се пополнуваат соодветен образец и барање,кои треба да се достават заедно со фактура за вграден колектор.
Огласот ќе биде отворен до мај, а изборот на апликанти ќе се изврши јавно во месец јуни.
Од министерството за економија потенцираат дека Македонија има оргомен потенцијал за искористрување на сончевата енергија. До сега речиси 2.500 семејства имаат инсталирано сончеви колектори што, значи годишна заштеда од 10.000 денари. Доколку околу 600.000 семејства вградат колектори, годишната заштеда би била околу шест милијарди денари.