Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има слаба магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од  минус еден до осум, а дневната од 14 до 19 степени.

И во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. Во утринските часови наместа ќе има спуштање на температурата под нулата. Во сабота наутро по одделни котлини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. За време на викендот ќе дува умерен североисточен ветер кој ќе предизвика намалување на облачноста.

OhridNews