Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло со умерен јужен ветер. Во западните и крајните источни делови ќе има повремен локален дожд. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 13 степени Целзиусови.
Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, информира УХМР Македонија.
OhridNews












