Повеќе од 96 илјади регистрирани навивачи на Барселона се пријавиле да купат влезница за финалниот меч против Манчестер Јунајтед во рамки на Лигата на шампионите закажан за 28-ми мај на Вембли.


Од нив 76.000 ќе мора да се помират со фактот дека натпреварот ќе може да го следат само на ТВ.

Управата на Барселона од организаторот доби 26 илјади влезници, од кои 16 илјади по пат на жрепка ќе ги доделат на оние посреќните од речиси стоте илјади навивачи. 4.000 ќе одат во слободна продажба во Барселона, а останатите 4.000 ќе се поделат на играчите, спонзорите и други пријатели на клубот.

“извор Макфакс“
Ohridnews