По повод големиот верски празник Богојавлени-Водици, ЈП „Билјанини Извори“ донесе одлука на ден 19. 01 2014 година ( недела ), користењето на услугите на јавниот градски простор да бидат бесплатни за сите нејзини корисници.
„Со оваа одлука ЈП Билјанини Извори во континуитет позитивно делува кон што подоброто организирање на големите верски празници, кои се во интерес на граѓаните и гостите на Охрид.“ – информираат од ова јавно претпријатие.
Оттаму на сите граѓани на Охрид им го честитаат претстојниот празник, со желба за здравје, среќа, бериќет и благосостојба.
OhridNews