Рокот за замена на старите возачки дозволи со нови истече на 1-ви октомври.

Сообраќајната полиција од денеска ќе ги санкционира возачите кои не ги замениле возачките дозволи во законски предвидениот рок. Тие ќе треба да платат 45 евра или ќе им бидат впишани 25 казнени поени.

Казни нема да бидат изрекувани на лица кои поседуваат потврда дека во законскиот рок отпочнале постапка за замена на старата возачка дозвола.

OhridNews