Лакочереј го осудуваат инцидентот што се случи ноќта помеѓу 14 и 15
март, кога непознати сторители насилно упаднале во училиштето и оштетиле
дел од инвентарот. Оттаму велат дека се во контакт со надлежните органи
и очекуваат истите да го расветлат случајот.
Тие сметаат дека родителите кои инаку ја алармираа јавноста за
инцидентот, кој според нив претставува вандалски чин, малку претерале во
квалификациите бидејќи не било ништо искршено, не биле испишани графити
и не биле оштетени трудови на децата.
Но за разлика од тврдењата на вработените, медиумите на лице место
затекнаа поинаква слика, оштетени врати и прозорци, ишарани ѕидови со
спреј, искинати цртежи, а вандализмот го потврди и служителот во
училиштето кого утрото при доаѓање на работа го затекнала непријатна
слика.

Останува нејасно зошто вработените во училиштето го релативизираат тоа што очигледно е
направено, иако како што велат во дописот имаат целосно разбирање за
загриженоста која ја искажаа родителите.













