Министерството за здравство, во согласност со најавите за можно зголемување на температурата и пораст на УВ индексот ја известуваат јавноста да се почитуваат основните препораки за намалување на ризиците врз здравјето од  дејството на топлотниот бран. Министерството до сите здравствени институции во државата испратило допис за соодветна кадровска екипираност и опременост со потребната терапија за да се справат со евентуалниот зголемен број пациенти, како резултат на високите температури.  

ОСНОВНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ:

1. Во текот на екстремно топлите денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, потребно да се најде можност за почести одмори  под сенка
2. Да се носи светла и лесна облека, зашто светли бои ја рефлектираат светлината. При директна изложеност на сонце носете капа и заштитни очила, а при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор
3. Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна и тешка храна
4. Да се внесува големо количество течности, најдобро обична вода за пиење и да се избегнуваат алкохолните пијалаци
5. При влегување во возило, потребно е тоа прво да се проветри, па да се влезе во него
6. Хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичниот лекар.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труење со храна и цревни заразни заболувања, остануваат на сила и следните препораки:

– Задолжително миење на земјоделско-градинарските прозводи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба.
– Термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу краток период по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употребата истата да се загрее на + 100 степени.
– Да се избегнуваат производи кои не се термички обработени, како што се: мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
– Редовно миење на рацете и одржување на личната хигиена.

Ohridnews