Сами сме виновни за загадувањето на Охридското Езеро со големи количини најразличен цврст отпад, сметаат охриѓани. Критички тие оценуваат дека одговорност за ваквата состојба има и кај институциите кои го толерираат несовесното однесување на одредени граѓани.
На минатонеделното анкетно прашање на OhridNews: Кој е одговорен за загадувањето на Охридското Езеро?- 57 отсто од анкетираните одговориле дека тоа се локалните жители, а само седум проценти сметаат дека гостите се виновни за подводните депонии, пластичните кеси и шишиња и друг отпад кој може да се најде во езерото. Голем дел од анкетираните, или 36 отсто одговорноста за ваквата состојба ја лоцираат кај надлежните институции.
Тоа, според нуркачите, нема да биде доволно, доколку и понатаму загадувачите на Охридското Езеро минуваат неказнето.












