Младите на Црвен крст Охрид ќе го одбележат роденденот на нашиот голем хуманист Тоше Проески со хуманитарна забава.
– Под мотото „ТОШЕ ВО НАШИТЕ СРЦА, ХУМАНОСТ ВО НАШИТЕ ДЕЛА“ забавата ќе се одржи во кафе бар „ШИЛА“, на 25-ти јануари, четврток, од 21:00 часот. Ве покануваме да се дружиме, забавуваме и преку песните на Тоше, во изведба на новоформираниот охридски бенд „Lucky Strikes“ се потсетиме на хуманите дела на големиот Тоше Проески, велат од Црвен крст.
Во соработка и со поддршка на кафе бар Шила, а соодветно на видот на забавата, цените на влезницата и пијалоците се прилагодени да бидат достапни за сите посетители. За квалитетниот звук на оваа хуманитарна забава се погрижи „Лабино саунд“.
OhridNews












