Синоќа во Охрид беше отворена новата игротека „Смајли“, со што таа и официјално започна со работа.
Од игротека „Смајли“ ветуваат добра забава за сите дечиња, професионално згрижување во дневен престој, но и многу други содржини, по што таа ќе се разликува од останатите.
-Креативноста и иноватвноста ќе може да ја следат родителите на официјлната Facebook страна(www.facebook.com/IgrotekaSmileyOhrid) каде што постојано ќе бидат известувани за новите содржини. Дечињата кои ќе го посетуваат дневниот престој ќе бидат безбедно згрижени, координирани и чувани од стручно образован кадар. -информираат од игротеката „Смајли“.
Покрај дневниот престој игротеката ќе нуди и организација на родендени со капацитет од 40 места за возрасни и 30 дечиња. Во потоплиот дел од годината ќе биде активиран и оутдоор забавен парк.
Игротеката „Смајли“ се наоѓа на улица Партизанска бр. 38.
OhridNews