Скутер вчера ја прекршил забраната за пловидба од 11 до 19 часот пловејќи непосредно до брегот од плажата Градиште до Трета Горица.
Инцидентот го евидентирале спасувачките екипи на плажите, кои случајот го пријавиле во охридската капетанија и полицијата.
Ограничувањето за пловидба на скутери на Охридското Езеро на сила стапи на 1-ви јули и важи до 31-ви август.