Изминатиот викенд во О.У. „Блаже Конески“ во Велес се одржа 38-от Републички натпревар по математика за ученици од основно образование во учебната 2012/2013г. На натпреварот учество зедоа и ученици од основните училишта од Охрид, кои постигнa забележителни резултати. Седмоодделенецот Аритон Цветаноски од О.У. „Григор Прличев“ го освои првото место, а Сара Сталевска исто така ученичка во 7-мо одделение во О.У. „Христо Узунов“ беше втора. Одлично знаење покажаа и другите учесници од охридските основни училишта.
Наградите и признанијата на младите матемтичари ќе им бидат доделени на посебна свеченост.
Настапот на државниот натпревар по математика на учениците од основните училишта од Охрид го организираше Здружението на матемaтичари од Охрид со поддршка на локалната самоуправа.