Тие на вториот по ред Куп што се одржа на 31.03.2013 во Скопје, на стрелиштето во Кисела вода во екипна конкуренција ги освоија првото и второто место. Првото место со резултат од 495 кругови и припадна на екипата на СК ,,Охрид,, во состав: Маркоски Ѓоко (175), Димоски Дарко (163) и Димоски Виктор (157), додека пак второто место со резултат од 463 круга и припадна на екипата на ЖСК ,,Лихнидос,, во состав: Димитар Патчев 164 круга, Матески Јован(153) круга и Јаков Јованоски со (146) кругови.
За жал женската екипа на СК ,,Охрид,, не беше комплетна поради здравствени причини на една од пионерките, па овајпат тие останаа без екипен пласман. Затоа пак во поединечен пласман повторно доминираа нашите стрелци: Првото место во категорија на пионери му припадна на Маркоски Ѓоко со 175 кругови, додека пак кај пионерките како второпласирана заврши неговата сестра близначка Јана Маркоска со резултат од 173 кругови.
И на овај натпревар како и на сите претходни не изостанаа низата неправилности произлезени од непознавањето и непочитувањето на основните правила во стрелаштвото од страна на судиите, за што следуваше реакција од двата клубови упатена до Жирито за жалби на натпреварот во вид на Приговор.
Сите овие аномалии кои континуирано се провлекуваат последниве неколку години одат само на штета на стрелците, а за тоа досега никој не понел одговорност и покрај сите наши укажувања. Така нашите стрелци не само што се борат да го остварат својот максимум, туку мораат да се борат и против неправдата што судиите намерно или ненамерно им ја нанесуваат.