На плажа или покрај базен покажуваме своите облини, а секоја жена е убава со нејзините облини. Доколку се пораскошни, со соодветен костим за капење ќе и пружиме нежност и удобност, а со додатоците ќе и го дополниме летниот изглед. Раскошот на облините ќе ги опфатат едноделните и дводелните костими за капење Lisca, кои со избрани кроеви, пошироки соодветни прерамки, прилагодливи корпи и удобни килоти ќе се погрижат за опуштено летно уживање.

Оние со поголеми облини избираат модели кои малку ќе ги стиснат и ќе ја обликуваат нивната линија. Вистина е дека костимите за капење во темни бои се идеални за Вас, но и посилните и свежи бои може да бидат вистински избор. Пробајте и проверете! Едноделниот костим за капење убаво го опфаќа и обликува телото, а високиот ножен изрез оптички ги продолжува нозете. Широките прерамки ќе се погрижат за удобност, додека пенестите корпи ќе се погрижат за убаво деколте.Изберете гаќички кои се пошироки во страничниот дел и не се врежуваат во телото,имаат повисок струк или се со преклоп кој може да ја регулира висината – така што малку ќе го прикриете стомакот. Додатоците како што е долгиот елек,кошулите, шалварите или туниката, вашата прошетка покрај плажа ќе ја направат посамоуверена и модно складна.




Заблескајте со свoите облини на плажа

OhridNews