Граѓани реагираат што на западната страна од катедралната црква „Света Софија“ која во текот на сезоната ја посетуваат голем број туристи, веќе подолг период стои бина која, како што потенцираат, го нагрдува дворното место на црквата и самиот објект.

–  Бината само три или четири вечери во текот на летото се користи за одредени настапи во рамки на некои од фестивалите за народни песни и ора. Блокиран е поголем дел од дворот од западната страна и се оневозможува слободното движење на посетителите кои доаѓаат да го видат овој еден од најзначајните културно- историски споменици во градот и пошироко, велат охриѓани.

Апелираат надлежните да преземат мерки за отстранување на бината и во иднина на оваа локација повеќе да не се поставуваат вакви предмети , со оглед на тоа што во непосредна близина се наоѓа и Долни Сарај каде е изградена професионална сцена токму наменета за нстапи на фолклорни и драмски групи.

OhridNews