Чистењето и одржувањето на вашиот автомобил сега станува полесно од кога и да било со првиот еко мобилен сервис за миење автомобили во Охрид и Македонија “ECO WASH”. Овој специјализиран сервис кој со работа започнува во среда, 20-ти септември, ќе нуди услуги на локација на којашто се наоѓа клиентот, со што се избегнува долгото чекање типично за стандардните автоперални. За почеток тоа ќе биде возможно во една од петте зони во градот каде ќе функционира мобилниот еко сервис за миење автомобили.

Покрај посочените пет зони мобилниот сервис за миење автомобили “ECO WASH” ќе нуди услуги и на секоја локација во Охрид со минимум пријавени два автомобили.

Mобилниот сервис за миење автомобили “ECO WASH” не користи средства, туку водена пареа за која е потребно 80% помалку вода отколку кај стандардната технологија за миење автомобили, што го прави овој метод на автоперална еколошки и пријателски кон животната средина. Овој начин на миење автомобили е многу поефикасен од стандардниот и не им штети на чувствителните делови во внатрешноста на автомобилот, како и на моторот. Со овој метод се постигнува поголема свежина во внатрешноста, се избегнуваат непријатните гребаници на каросеријата и и’ се враќа сјајот на бојата.

Цената на основната услуга за еколошко миење автомобил на локација одредена од клиентот изнесува 300 денари, а ќе се нудат повеќе пакети на услуги. Сите што ќе ја посетат фан страната на “ECO WASH” на Фејсбук и ќе ја споделат со пријателите на својот профил, ќе добијат 15% попуст за прво миење.

OhridNews