Од резултатите кој ги постигнавме на европското првенство во Тенерифене можеме да бидеме потполно задоволни – вели селекторот на карате репрезентацијат Бошко Заборски.
И покај големите очекувања македонските каратисти потфрлија откако претпреа порази уште во првите рунди.
– Македонија во моментов има неколку искусни каратисти и пласманите на петто место за нас преставуваат само делимичен успех. Иако можеме да кажеме дека сите наши фаворити загубија многу несреќно – смета Заборски.
Поразите на Груевски, Арсовски и Илиевска, селекторот ги објасна со судиска (не)правда односно недоволна концентрација.
– Огнен Груевски загуби на изјаснување од како на два наврати не му беше досуден поен против фаворизираниот повеќекратен медалист и првак Петерсен од Холандија. Потоа нашата најдобра спортистка Наташа Илиевска како да беше нестрплива и во една ситуација постапи многу нерационално, таа само на 10 сек до крај на борбата иако имаше огромна предност над Украинската репрезентативка која до тој период беше инфериорна и ништо не изработи, Наташа сакајќи да го реши натпреварот во регуларниот тек, не ја послуша мојата сугестија и нејзиниот напад кој не требаше воопшто да го направи беше казнет од страна на украинската спортистка и со тоа Наташа Илиевска беше елиминирана од понатамошните борби на ова првенство – објаснува Заборски.
Жарко Арсовски откако ги победи првите две борби, загуби во третото коло од Турскиот натпреварувач и не успеа да влезе во полуфиналето, со тоа ние на некој начин прерано ги загубивме сите шанси за освојување на еден од медалите.
– За ова првенство многу се подготвувавме и сторивме вистина се онака како што треба, многу работевме и ја темпиравме формата скоро пет месеци. Меѓутоа се случи она од што нај веќе се плашев. Ние патувавме 22 часа до Тенерифе, и потоа со само една преспиена ноќ веднаш следниот ден настапивме и се натпреваруваме. Заморот од патот недоволниот одмор и време за аклиматизација и адаптација на организмите кај спортистите го направија своето. Сите репрезентативци осетија тешкотија во движењата и реакциите им беа многу поспори од вообичаените. Ако само еден ден повеќе се одмаравме сигурно ќе имавме и поголеми резултати. Меѓутоа оваа грешка која се направи, а ние сме најмалку виновни за тоа, многу скапо ја плативме – реферираше селектот Заборски.
Успешен настап на охридските стрелци на меѓународниот турнир „Пирин“ 2025 кој се одржа на стрелиштето во спортската сала Скаптопара во Благоевград На Турнирот учество зедоа повеќето врвни клубови о...
Хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ во чест на неговиот прерано згаснат живот ќе се одржи во сабота, 8 ноември Маршот ќе започне во 10 часот во близина на неговиот дом...
Во спортската сала „Билјанини Извори“ вчеравечер се одиграа возбудливите полуфинални натпревари од турнирот во футсал „Ohrid FREED 2025“, кои понудија одлична игра, голема борба и вистинска спортск...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.