Поради интензивни снежни врнежи и силен ветер во 19:30 часот воведена е
забрана за движење на тешки товарни возила и лесни возила без
соодветна зимска опрема преку планининскиот превој Плетвар, информираат
од АМСМ . Сообраќајот на другите магистрални и регионални патни правци
се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се
бележат во Крушево и на планинскиот премин Ѓавато, но поради слабиот
интензитет не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

АМСМ
препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење поради
дождот и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Да се
внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците каде е можна
почеста појава на одрони, особено на патните правци Катланово-Велес,
Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница
кои можат да го попречат движењето на возачите.

OhridNews