Сообраќајот во Охрид вечерва се одвива отежнато
Врнежите се задржуваат на коловоз и го отежнуваат движењето на возилата, особено ова се однесува за повисоките планински превои во западниот дел од државата. Поради остатоци од снег на коловозите има воведено забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Р-409 крак Маврово – Дебар и М-4 Струга – Ќафасан, како и на планинскиот превој Плетвар.
На планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато има воведено задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила, а ова важи и за патничките возила кои патуваат преку Стража. Поради ниските температури на планинските превои, клисурите и мостовите можна е појава на голомразица. Посебна внимателност на патниот правец Дебар – Струга (Р418) поради почеста појава на одрони. До сите возачи препорачуваме исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Сообраќајот отежнато се одвива и низ градските улици. Коловозите се под снег, а наместа се и замрзнати поради што на возачите им се препорачиува крајна внимателност.