Од АМСМ информираат дека забрани за движење на тешки товарни возила има на планинските премини Стража, Плетвар, Ѓавато, Пресека, како и на крак Маврово – Дебар.
Магистралниот пат А3 Ресен-Битола-Прилеп, кај м.в.„Баир“, е блокиран за сообраќај и се пренасочува низ центарот на градот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа низ цела Македонија. Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
OhridNews