Сообраќајот на сите регионални и магистрални патни правци се одвива во зимски услови, наместа по влажни коловози. Во западниот и југозападниот дел од државата врнежите од дожд полека преминуваат во снег, додека пак на планинските премини Маврово, Стража, Пресека, Ѓавато, Буково и Крушево врне снег со појак интензитет, кој се задржува на коловозот, информираат утрово од АМСМ.

На планинскиот премин Плетвар  воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за тешки товарни возила. Поради силен ветар кој прави големи намети од снег на коловозот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Ѓавато, Стража и крак Маврово – Дебар. На возачите им се препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.  Посебна внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово поради можна појава на одрони.

OhridNews