Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планински премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Куманово, Тетово, Гостивар, како и на планинските премини Стража, Кула и Маврово. На Попова Шапка врнежите од снег се со среден интензитет. Врнежи од слаб дожд се бележат во Охрид и Дебар.

OhridNews