
На патниот правец Скопје – Кичево – Охрид, забраната за движење на тешки товарни возила ќе важи од 1-ви јули до 31-ви август 2012 година и во овој период тешките товарни возила нема да смеат да се движат во интервалите од 17 до 24 часот , секој петок и од 7 до 24 часот секоја сабота и недела.
-Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото, со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите, велат од министерството.
За регулирање на сообраќајот и воспоставување на забраната, во должината на целата делница ќе бидат поставени соодветни сообраќајни табли, во двете насоки и тоа на секој излез од градовите, како и на приклучоците со други патишта.












