Времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи – поставување на атмосферска канализација на улица „Марко Цепенков“.
Се забранува паркирање во должина на оваа улица, на потегот од кружната крстосница на пресекот со улица „Момчило Јорданоски“ до Инфективното одделение при Општа Болница информираат од Општина Охрид.
Овие градежни активности се дел од годишниот план на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици на Општина Охрид, за што уредно се информирани сите засегнати институции, додаваат во соопштението.
OhridNews












