Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива забавено во зимски услови, во пониските делови по претежно чисти но влажни коловози, наместа со појава на голомразица поради ниските температури, информираат од АМСМ.

Поотежнат е сообраќајот на повисоките места и планинските премини поради остатоците од недочистен и замрзнат снег на коловозите и појава на голомразица. Поради големи снежни остатоци, патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново – Бунец не е прооден за секаков вид возила и моментално се расчистува. Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Р-409 крак Маврово – Дебар – Струга, Р– 416 Кичево – Демир Хисар – Битола, и од 16.30 часот поради интензивни врнежи од снег и остатоци на коловоз повторно е воведена забрана на патниот правец Струга – г.п. Ќафасан.

OhridNews