На регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин, информира АМСМ. Сообраќајот на патните правци Скопје – Велес и Велес – Скопје се одвива отежнато и по една коловозна лента. На патниот правец Скопје – Велес воведена е забрана за товарни возила.

На патниот правец Кочани – граничен премин Делчево во 22.00 ч воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Поради врнежи од снег, воведени се забрани за движење на тешки товарни возила на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково. Поради врнежи од снег, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци: крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на патниот правец Крива Паланка – г. п. Деве Баир и Струга – Граничен премин Ќафасан.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот и северниот дел од државата, наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонијапат.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

OhridNews