Од АМСМ информираат дека забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планиските премини Стража, Пресека, Ѓавато, Плетвар, како и на Маврово и патниот правец Валандово-Дојран. Од 08:00 часот магистралниот пат Скопје – ГП Долно Блаце е затворен за сообраќај за тешки товарни возила.

Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП Јасен е непрооден.

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа во целата држава.

OhridNews