Попладнето беше воведена забрана за тешки товарни возила на планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово.

Граѓани кои денеска тргнаа на пат јавуваат дека патиштата, особено на превоите не се соодветнио исчистени и дека поради остатоци од снег сообраќајот се одвива отежнато, а има и заглавени возила.

Според информациите од надлежните институции, снег паѓа во: Скопје, Петровец, Кула, Велес, Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Страцин, Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража, Ѓавато, Буково, Пресека, Македонски Брод. На коловозите има остатоци од снег по интервенцијата од дежурните екипи на Ј.П. Македонијапат.

МВР соопшти дека на автопатот Велес – Куманово – сообраќајот се одвива по лентата за брзо возење, на автопатот Куманово – Велес – нема изменет режим, на автопатот Скопје – Куманово – сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента се до приклучокот на автопат Велес -Куманово, на автопатот Тетово – Велес – запрена е сообраќајната лента за принудно запирање на возила, а сообраќајот се одвива по сообраќајни ленти за возење и лента за престигнување.

OhridNews