Според најновите информации од АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег, по интервенција на екипите на Македонијапат. Патниот правец Свети Николе-Куманово кој беше во прекин поради снежни наноси од 04:50 часот е прооден за сите видови возила.

На планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – г. п. Делчево сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.
Поради врнежи од снег затворени се за сообраќај патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а поради наноси од снег и патниот правец Прилеп – Витолиште.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

OhridNews