Посебна внимателност се препорачува на повисоките и осојничави места каде поради ниските температури има појава на голомразица. Поради големи снежни остатоци, патниот правец с.Маврово – Никифорово – Леуново – Бунец не е прооден за секаков вид возила.
Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на планинските превои Пресека и Буково, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар – Струга. На патниот правец Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај на автобуси. Планинските превои Стража, Плетвар, Ѓавато како и патните правци Крива Паланка – г.п. Деве Баир и Струга – г.п. Ќафасан се проодни за сите видови на возила, но со остатоци од снег по коловозите и со појава на голомразица.
На возачите се им препорачува исклучително внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај како и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.