
Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми на новинарско прашање за најавените протести на откупувачите на старо железо, рече дека Министерството не работи со уцени и рокови, туку дека работи со закони. Доколку има потреба и состојбите не се променат на подобро, забраната ќе биде продлжена за три до шест месеци.
– Досега сменивме неколку закони за да не дојде до оваа ситуација, но не дојдовме на разбирање и затоа има кражби на шахти, сообраќајни знаци, шини од железничката пруга, трансформатори и други објекти од јавен интерес, рече Адеми пред почетокот на денешната конференција „Политиката за животната средина во Македонија: препораки на ЕУ при соработката со општините.”












