
Одлуката со која забраната за движење на скутери ќе започне неколку дена порано е донесена откако во Струга за два дена со скутери беа повредени две лица.
Ограничувањето на пловидба на пловните објекти на трите езера ќе трае од 12 јули до 31 август 2012 година, во времетраење од 11 часот до 18 часот секој ден.
Од владата потсетуваат и дека се стапени во сила санкциите за прекршување на оваа одлука, во висина од 6.000 до 8.000 евра во денарска противвредност за домашни и странски правни лица, и од 800 до 2.000 евра за физички лица, како и мандатни казни од 600 евра на лице место.












