Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап ги забрани забавите за време на божиќните празници за своите фудбалери. За време на божиќните и новогодишните празници фудбалерите во Премиер лигата немаат одмор, а според менаџерот на “спурси“ нема да има ниту опуштање.
– Нема да има божиќни забави. Премногу сме зафатени со играње фудбал, а имаме и доста згуснат распоред. Фудбалерите се среќни луѓе, заработуваат доста и имаат комофорен живот имаат шест недели во летото кога може да прават што сакаат. Затоа нема потреба да се прават проблеми за Божиќ – истакна Реднап.
Кога фудбалерите се повреденим, најлошиот избор да се вратат во форма е алкохолот, не верувам дека некој тренер воопшто посакува повредените фудбалери да ги види во барот, тоа воопшто не е добро за нив. За време на летниот слободен период може да прават што сакаат, смета Реднап.
Тотенхем не успеа да ја мине групната фаза во Лигата Европа, а во англиската Премиер лига се наоѓа на четвртата позиција.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com