Навивачите за време на Светскиот куп во фудбал во Катар не смеат да се бакнуваат, ниту, пак, да пијат алкохол во јавност, во согласност со важечките шеријатски прописи во Абу Даби.

Организациониот комитет на Светскиот куп издаде долга листа на забрани што ќе им биде поделена на навивачите што ќе стигаат од странските земји, вклучувајќи и забрана за консумирање алкохол и бакнување на улица“, пишува весникот „Емарат Ал-Јом“.

Правилата ќе бидат отпечатени и поделени на навивачите по пристигањето во Обединетите Арапски Емирати, при што исто така, ќе бидат предупредени дека и дрогирањето е казниво.

 „Ние сме муслиманска земја што има сопствени правила и традиција, кои мора да бидат сочувани. Вакво нешто не би требало да ги налути навивачите“, изјави Шаза ал-Румаити, портпарол на организациониот комитет.

извор Макфакс
Ohridnews