Подготовките за одбележување на верскиот празник Богојавление-Водици и денот на рибарите се во тек и се одвиваат забрзано, се со цел и годинава настанот да биде беспрекорно организиран, вели градоначалникот Никола Бакрачески.
– Денес одржуваме и состанок на координативното тело за техничка организација на најголемиот верски празник Богојавление-Водици и за денот на рибарите. Направени се веќе консултации со Митрополитот Дебарско- кичевски г. Тимотеј околу религиозниот дел. Во принцип ќе биде истатата организација како и минатата година и покрај општинските служби и јавни претпријатија, ќе бидат вклучени и сите оние здруженија и институции кои постојано помагаат околу настанот, меѓу кои општинскиот Црвен крст, Нуркачкиот центар „Амфора“, Капетанија, СВР Охрид и други, рече Бакрачески.
Бакрачески ги повика граѓаните масовно да се вклучат во одбележувањето на празникот, а туристичките работници подготвено да им излезат во пресрет на барањата на бројните најавени гости за празникот Водици.
OhridNews