Сопственици на глисери и моторни чамци се жалат на чести кражби на акумулатори и останати делови од нивните пловни објекти кои ги чуваат во каналот Студенчишта.  Според нив, само во текот на изминатиот месец биле украдени над 30 акумулатори и друг вид на опрема од пловилата.

Во непосредна близина е Езерската полиција, има чувар и во блискиот угостителски објект, има поставени камери и повторно непознати лица се одлучуваат да ги вршат кражбите. Најпрво од мојот глисер беше украден противпожарен апарат, потоа акумулатор и канта со бензин од десет литри,сега повторно акомулатор чија цена е од седум до осум илјади денари. Не е толку и за парите колку што е малтретирањето, треба да се пријави во полиција, да се набавува нов акумулатор, вели наш сограѓанин, кој веќе два пати бил жртва на крадците во каналот Студенчишта.

Сопствениците на пловни објети апелираат до належните за зголемување на безбедноста на пловните објекти во каналот и преземање мерки за пронаоѓање на извршителите на кражбите.

Овој проблем е уште една потврда за неопходноста од изградба на марина во Охрид каде ќе може безбедно да се паркираат и чуваат пловните објекти.

Деновиве премиерот Никола Груевски при својот престој во Охрид информира дека изградбата на марина е во фаза на идејно решение и треба да почне да се реализира по фази од наредната година. Како што рече премиерот, постојното градско пристаниште ќе се адаптира при што ќе се направат два дополнителни крака на пристаништето. Целиот проект се очекува да биде готов до 2018 година при што доколку има интерес за јавен- приватен партнер согласно програмата , проектот ќе се реализира по пат на јавно- приватно партнерство.

OhridNews