Имено, од фрлени недогорени остатоци од отпад изминатава недела биле запалени 7 контејнери во централното градско подрачје на Охрид. Притоа интервенирала и противпожарната единица.
Во многу наврати Ј.П.”Охридски Комуналец” има доставено апел до граѓаните да не се депонираат недогорени остатоци, но очигледно некои од граѓаните не се свесни колкави последици може да предизвика нивното несовесно однесување-велат од јавното претпријатие.