Основното училиште „Св. Климент Охридски“ во пресрет на Патрониот празик , новогодишните и Божиќните празници, во просториите на училиштето организираше работилници со родителите, наставниот персонал и учениците на кои се изработуваа различни украсни предмети наменети за продажба.
– Одзивот на родителите ги надмина очекувањата, со што се потврди дека се вистински партнери во многубројните активности што ги организира училиштето. Благодарение на креативноста и вештината на учесниците на работилниците, изработени се голем број украсни свеќички, накит од хартија и други декоративни новогодишни предмети кои фасцинираат со својот оригинален дизајн. Сите предмети се изработени од рециклирани и природни материјали, информираат од ОУ „ Св. Климент Охридски“.
Изработените предмети се наменети за продажната изложба која ќе биде организирана на 4- ти декември во 18 часот во холот на Центарот за култура „Григор Прличев“, пред почетокот на свечената приредба што ја оранизира училиштето во чест на Патрониот празник.
OhridNews