Антички Театар Охрид

Од 30.07.2022 - 20:30 до 30.07.2022 - 22:00

На 30 јули, на Античкиот театар во Охрид, заеднички концерт ќе одржат Влатко Лозаноски – Лозано и „Некст Тајм“.

Ќе биде тоа возбудливо музичко доживување во очи Илинден, кое долго ќе се памети, најавуваат организаторите.

Билети за концертот на Лозано и Некст Тајм можат да се купат онлајн и преку продажната мрежа на „купи карти за се“.

Концертот на Лозано и Некст Тајм почнува во 20.30 часот.

OhridNews