Охридскиот клуб за боречки вештини “Fight Master“ предводен од Саша Николоски имаа заеднички тренинг со таеквондо тимот на “Самурај“ од Пештани.


Инструкторот на “Самурај“, Славче Влачевски истакна дека е задоволен од соработката со клубот од Охрид и дека споделија многу искуства кои во иднина ќе ги пренесе на помладите членови.


–  “Самурај“ има беспрекорни соработката со останатите клубови од земјата и странство. Тоа го потврдуваме со посета на многу семинари како во Македонија така и надвор од неа. Непрекинато не посетуваат членови на други клубови, поранешни и сегашни балкански шампиони, а со тоа ние ги афирмираме боречките вештини во Охрид – посочи Влачевски.


Саша Поповски тренерот во клубот “Fight Master“ експресно ја примил поканата на “Самурај“ за заеднички тренинг. Со таеквондото Поповски се занимава долго време и потенцираше дека глетката на тренингот во Пештани неможе да ја опише со зборови.


– Не се двоумев да ја прифатам поканата за тренинг со мојот ученик и драг пријател Влачевски. Имав чест да одржам заеднички тренинг со неговите ученици. Тоа ми преставува огромно задоволство бидејќи видов толку многу насмеани дечиња на едно место и не се сомневам во иднината на овој спорт во нашиот регион. Од секогаш моето мото било “колку повеќе деца во спортските сали, а помалку на улиците“ тоа во Пештани сите деца го почитуваат – рече Поповски, кој е актуелен претседател на Интернационалната македонска Таеквондо федерација.

Мх.П.