Денес со почеток во 16 часот и 30 минути во општинската зграда во Охрид ќе се одржи трибина на тема “Заедниците и пописот 2011”, како дел од кампањата која деновиве ја започна Агенцијата за остварување на правата на заедниците, а по повод пописот на населението и домаќинствата кој е во тек.

Освен во Охрид, со кампањата предвидено е да се одржат трибини уште во 11 пописни реони во Македонија, во кои припадниците на заедниците се застапени во поголем процент.

Целта на кампањата е да се доближи пописот до граѓаните, подобро да се запознаат со нивните права и да се информираат за значењето на Пописот за заедниците.

Учесници на трибините ќе бидат претставници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Државниот завод за статистика, Државната пописна комисија и граѓанскиот сектор од страна на заедниците.

OhridNews