Можно ли е одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и локалните во Охрид оваа пролет? Одговорот на ова прашање ќе го дадат највисоките партиски органи на владејачката СДСМ, каде ќе се разгледува барањето на опозицијата за предвремени парламентарни избори.

Заев смета дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вчера побара вонредни парламентарни избори се моли истите да не се случат.

Во овој момент анкетите говорат дека ние би добиле нов мандат од 4 години што е добро за партијата но не и за државата. Сепак кочничарите на евроатлантските интеграции на земјата вчера во еден глас побараа избори. Тоа е сериозно, а ние не би биле сериозни доколку сериозно не го разгледаме таквото барање. – изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

OhridNews